Мисија

Европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија е формиран во 2011_та година. Плод е на долгогодишна и интензивна меѓународна едукација во областа на германистиката и воопшто на европеистиката.

Визија

Бабилонија е влог во јазичната едукација на нови генерации млади и самоуверени луѓе. Нашата визија, влечејќи од сопствените искуства како и од најдобрите јазично-образовни традиции ширум Европа е следнава:

Вредности

Европскиот Центар за Јазици и Комуникации – Бабилонија е платформа за изучување странски јазици. Нашите вредности се спој на германската професионалност и европската јазична традиција.

Англиски јазик

Англискиот јазик е ‘lingua franca’ на денешнината. Јазикот на Шекспир и на Бајрон но и на По, Блејк, Хемингвеј, Керуак, Буковски. Денес тој е јазикот на глобализацијата, на технологијата, на науката.

Дневен престој

Благодарение на својата успешна интеракција со слушателите, оние од помладите но и повозрасни категории, Бабилонија започнa со организација на дневен престој.

Германски јазик

Јазикот на литературата, на Гете, Новалис, Шилер, Фихте. На Бертолд Брехт и Гинтер Грас. Јазикот на класичната музика, на Бах, Бетовен, Брамс, на Вагнер. Јазикот на философијата, на Кант, Шелинг и Хегел, на Маркс, Адорно и Хабермас.

Летно јазично училиште со дневен престој

Во текот на летните месеци Бабилонија организира јазично училиште со дневен престој. Престојот е наменет за најмладите, оние на возраст од 6 до 10 години…

Француски јазик

Францускиот е јазикот на љубовта, на романтиката, на поезијата и уметноста. Јазикот на Бодлер и Рембо, на Иго, Балзак и Зола. Јазикот на Луј IV и на Француската револуција, на Версај, Лувр и Бастиља, на Париз, градот на светлината…

Зимско јазично училиште со дневен престој

Во текот на зимскиот распуст Бабилонија организира јазично училиште со дневен престој. Престојот е наменет за најмладите, оние на возраст од 6 до 10 години  и курс по германски јазик.

 

 

 

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

Марија Мојсоска Јованоска

Марија Мојсоска Јованоска

Управител и професор по германски јазик

Марија Мојсоска Јованоска е основач на Европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија. Студирала германистика во Скопје, Минхен и Бремен. Магистририрала европеистика во Ница, Франција како и глобални визуелни комуникации во Бремен, Германија.

Бојана Наумова

Бојана Наумова

Професор по француски јазик

Bonjour! Се викам Бојана Наумова и предавам француски јазик во европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија. Дипломирав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, на Филолошкиот факултет“Блаже Конески” во Скопје, на катедрата за француски јазик и книжевност…

Игор Јованоски

Игор Јованоски

Советник

Игор Јованоски студирал политичка и општествена теорија и меѓународни односи во Скопје, Ница & Берлин и Бремен. Бил докторант на фондацијата Волксваген и на образовната иницијатива за исклучителност на Федералната влада на Сојузна Република Германија.

Татјана Тодоровска

Татјана Тодоровска

Дипломиран педагог и едукатор

Татјана Тодоровска е дипломиран педагог на универзитетот „Св. Кирил и Методиј.„ Има долгодишно искуство во работа со деца. Нејзиниот пристап кон децата е исполнет со љубов, грижа, нега и целосна посветеност.  Во Европскиот центар за јазици и комуникации –Бабилонија е ангажирана како едукатор

Николина Сурови

Николина Сурови

Професор по англиски јазик

Николина Сурови е дипломиран професор по Англиски јазик и култура на Факултетот на југоисточна Eвропа во Тетово. За време на студиите имала можност да се запознае со интерактивни и современи предавања, методологии и техники пренесени од професори од Америка…

Ена Николиќ

Ена Николиќ

Дипломиран психолог и едукатор

Ена Николиќ е дипломиран психолог на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Има завршено обука за Neuro-linguistic programming Practitioner. Волонтирала во градинката “Мајски Цвет“ во Скопје и притоа се стекнала со сериозно искуство…

Сведоштва

"Моето дете во Бабилонија изучува германски јазик. Јас како родител сум презадоволна и благодарна за напредокот на моето дете. Пристапот на професорката по германски јазик е многу пријателски, но и професионален. На центарот Бабилонија му посакувам само успеси во работењето."

Билјана

Родител

"Бабилонија за мене претставува училиште во кое вработените имаат многу топол и фамилијарен пристап кон децата. Веќе трета година ќерка ми изучува англиски во овој центар и за целиот тим имам само пофални зборови. Мојата ќерка реди само успеси во училиште и веќе течно го говори англискиот јазик."

Елизабета

Родител

"Јас сум мајка на дете од 7-мо одделение кое учи во центарот Бабилонија француски јазик. Впечатоците за наставничката по француски е дека целосно ја пренесува француската култура на часовите. Син ми едноставно ужива на часовите по француски јазик во Бабилонија."

Марија

Родител

"Да научам германски јазик од секогаш ми беше желба, но никако не се составуваа коцките за да почнам да го изучувам. По многуте препораки за Бабилонија и за Марија како професор, се одлучив нив да им ја дадам довербата за да почнам да го изучувам германскиот јазик. За кратко време ги научив основите на јазикот и сега можам слободно да кажам дека ништо од тоа немаше да се случи ако за проф. не ја имав прекрасната Марија која е веќе и моја пријателка. Топло препорачувам на сите Бабилонија да е и вашиот избор. Am besten lernt man Deutsch in Babylon"

Јуле

Слушател

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000

Споделете на:

j

КОНТАКТ

way2babilonia@gmail.com

070 341 302

СЛЕДЕТЕ НЕ НА

Pin It on Pinterest