Бојана Наумова

Професор по француски јазик

Bonjour! Се викам Бојана Наумова и предавам француски јазик во европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија. Дипломирав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, на Филолошкиот факултет“Блаже Конески” во Скопје, на катедрата за француски јазик и книжевност, насока наставна насока. Долгогодишното искуство во повеќе основни и средни училишта во Скопје зборува за посветеноста, креативноста и мотивирачкиот дух кон учениците, за да го засакаат и изучуваат францускиот јазик. Во низата на училишта од 2007 година се: ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, СУГС Никола Карев, ООУ “Братство”, “Вера Циривири Трена” и ” Гоце Делчев”. Работењето во секое од овие училишта придонесе да ги запознаам многу подобро учениците, со сите нивни мани и доблести, да ги мотивирам постојано да учат и работат, да учествуваат на натпревари, што зборува и за неколку освоени награди.Како професор по француски јазик постојано се надградувам себеси со посета на разни семинари, обуки и летни школи во земјава и странство.

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This