Зимско јазично училиште со дневен престој

Во текот на зимскиот распуст Бабилонија организира јазично училиште со дневен престој. Престојот е наменет за најмладите, оние на возраст од 6 до 10 години, при што се нуди цеслосно згрижување на децата од 08 до 16 часот и курс по германски јазик. Програмата исто така вклучува креативни активности (изработки на разни дела од рециклирачки материјали, цртање, пеење) друштвени игри (монопол, капитал, уно, шах, лего коцки) и секако други игри и забава. Воопшто, целта на зимскиот престој е целодневна згриженост и безбедност на Вашите деца исполнета со учење, игри и забава. Зимското јазично училиште со дневен престој започнува од 3.01. и трае до 21.01. секоја година.

Програмата на дневниот престој е следнава:

  • 08:00 до 09:00 преземање на децата во училиште
  • 09:00 до 09:30 доручек
  • 09:30 до 10:30 креативни активности
  • 10:30 до 11:30 интензивен курс по германски јазик
  • 11:30 до 12:30 слободни активности и ручек
  • 13:00 до 14:30 интензивен курс по германски јазик
  • 14:30 до 16:00 слободни активности и преземање на децата од родителите

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This