Летно јазично училиште со дневен престој

Во текот на летните месеци Бабилонија организира јазично училиште со дневен престој. Престојот е наменет за најмладите, оние на возраст од 6 до 10 години, при што се нуди цеслосно згрижување на децата од 08 до 16 часот и трилингвален (германски, англиски или француски) јазичен курс. Програмата исто така вклучува креативни активности (изработки на разни дела од рециклирачки материјали, цртање, пеење) друштвени игри (монопол, капитал, уно, шах, лего коцки) и секако други игри и забава. Воопшто, целта на летниот престој е целодневна згриженост и безбедност на Вашите деца исполнета со учење, игри и забава.

Програмата на дневниот престој е следнава:

  • 08:00 до 09:00 преземање на децата во училиште
  • 09:00 до 09:30 доручек
  • 09:30 до 11:30 надворешни активности (одење во парк и сл)
  • 11:30 до 12:00 креативни активности
  • 12:00 до 12:30 ручек
  • 13:00 до 15:00 интензивен јазичен курс
  • 15:00 до 16:00 преземање на децата од родителите

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This