Мисија

Европскиот центар за јазици и комуникации – Бабилонија е формиран во 2011_та година. Плод е на долгогодишна и интензивна меѓународна едукација во областа на германистиката и воопшто на европеистиката. Искуството како и љубовта кон двете сфери, одраз на исклучителна професионална кариера, се наметна како потреба, или, уште повеќе, како општествена одговорност, за споделување на знаењето. Оттука, целите на нашата мисија се следниве:

  • Врвна и професионална понуда на најразлична палета на јазични курсеви соодветни на потребите на нашите слушатели
  • Примена на најсовремените германски и европски стандарди и литература за изучување на јазикот
  • Унапредување на начините на изучување на јазици преку вовед и интеграција на најсовремени технолошки помагала во наставата
  • Креирање и понуда на тим на високо-квалификувани професори кои ги следат светските и европските стандарди и трендови во јазичната едукација
  • Работа во согласност со заедничката европска референтна рамка за јазици

Во суштина, Бабилонија е проект за споделување на европските јазични и културни вредности. Бабилонија, пред се, е катче Европа пренесено тука, кај нас.

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This