Дневен престој

Благодарение на својата успешна интеракција со слушателите, оние од помладите но и повозрасни категории, Бабилонија започнa со организација на дневен престој. Престојот е продолжение на визијата на Бабилонија за сеопфатен едукативен центар и е наменет за деца од прво до петто одделение. Целта е да се креира пријатно, безбедно и едукативно катче каде што Вашите деца ќе бидат згрижени и ќе можат да работат на исполнување на своите училишни обврски.

  • Пишување домашни задачи, навремено учење
  • Совладување на материјалот од училиште
  • Подготовка за писмени работи и тестови

Претпладне или попладне, во зависност од училишната смена, децата се целосно згрижени во Бабилонија. Во остварувањето на своите задачи тие ќе бидат усмерувани и надгледувани од стручните лица на центарот. Поттикнување на креативно размислување со цел стекнување на нови знаења и подобар успех на училиште е нашата главна задача.

Во основа, целта на престојот е целосна грижа за Вашите деца и развој на нивните ментални и интелектулни капацитети. Со своето знаење, професионалност и, пред се, целосна посветеност, Бабилонија ви гарантира целосна грижа, успех и исполнет престој на Вашите деца.

П.с. Како што напоменавме погоре, дневниот престој во Бабилонија зависи од училишната смена. Термините се следниве:

  • Прва смена: од 08 до 12:30 часот
  • Втора смена: од 12:00 до 16:30 часот.

За време на престојот на децата им е обезбеден еден топол оброк.

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This