Француски јазик

Францускиот е јазикот на љубовта, на романтиката, на поезијата и уметноста. Јазикот на Бодлер и Рембо, на Иго, Балзак и Зола. Јазикот на Луј IV и на Француската револуција, на Версај, Лувр и Бастиља, на Париз, градот на светлината, на Елисејските полиња и Ајфеловата кула. Францускиот е јазик на убавината, на високата мода и скапите парфeми. Јазикот на храната и виното и на најубавите сирења.

КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА ОД ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАЗИЦИ И КОМУНИКАЦИИ BABILONIA францускиот јазик за деца се изучува согласно заедничката европска референтна рамка.

Јазични курсеви за деца од 1-во до 5-то одделение:

А01 (1 степен) Grenadine 1

А02 (2 степен) Grenadine 2

Јазични курсеви за деца од 6-9 одделение:

А1.1  (1 степен) Le Mag 1

А1.2 (2 степен) Le Mag 2

А 2   (3 степен) Le Mag 3

B 1   (4 степен) Le Mag 4

Јазични курсеви за средношколци:

А1.1                 (1 степен)  Adosphere 1

А 1.2/А2.1       (2 степен)  Adosphere 2

А 2.2                (3 степен)  Adosphere 3

Б 1                   (4 степен)  Adosphere 4

Секое ниво од детските курсеви трае две полугодија, а секое полугодие се состои од 36 часа од по 60 минути, односно 72 часа во текот на две полугодија. Часовите се одвиваат двапати неделно. Учебниците и материјалите што се користат во рамките на курсот се од програмата на издавачката куќа Hachette, кои се светски познати и покажуваат одлични резултати. Секое ниво завршува со писмен тест и усна проверка. По завршувањето на степенот, редовната посетеност и добрите резултати од тестирањето слушателите се стекнуваат со сертификат за посетување на настава за соодветното ниво.

АДРЕСА

Фрањо Клуз 2/1-1 Skopje 1000
Споделете на:
j

КОНТАКТ

Email: way2babilonia@gmail.com

Телефон: 070 341 302

Pin It on Pinterest

Share This